Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во изјава за Канал 5, даде свое видување и решение за проблемот со средствата кои ги земаат пратениците како патни трошоци.
Според Апасиев најелегантното решение би било наместо постоечкото – 20% на изминат километар, пратениците да земаат 5%. Така според калкулациите направени од партијата Левица, цената којашто ќе ја добиваат пратениците, ќе биде изедначена со цената на повратниот автобуски билет за одредена релација.