Лидерот на Левица, Димитар Апасиев изјави дека е потребна радикализација на состојбата.

„Состојбата е алармантна. Мислам дека е парализирана парламентарната демократија. Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа Власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата“, изјави Апасиев пред новинарите, пред да влезе во Собранието.

„Опозицијата треба да размисли за протести, блокади, парализирање на Собранието“, додава Апасиев.