Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска го обвини вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитиров дека е американски шпион.  Апасиев попладнево на расправата за интерпелацијата на Димитров тврдеше дека тој веројатно бил врбуван од структурите на ЦИА кога бил амбасадор во САД повикувајќи се една реченица од мемоарите на генералот Панде Петровски.

Тој рече дека Димитров станал советник кај претседателот Борис Трајковски наводно поради веројатно затоа што имал флуентен англиски, а потоа кога станал амбасадор во САД „веројатно бил врбуван од структурите на ЦИА“, и под нивен притисок станал амбасадор во Хаг и преговарач за името.

Цитирајќи документ од „Викиликс“ од 2008 година Апасиев рече дека Димитров ги кодошел Никола Груевски и Бранко Црвенковски кај Американците.

На крај, Апасиев уште како доказ за неговите тврдења го спомена и случајот со ќерката на Димитров која добила стипендија за студирање во странство.

Во емотивната реплика вицепремиерот Димитиров рече дека Димитар Апасиев станува „политичар-обвинител или политичар-инквизитор од Средновековието.

„За нашата Македонија многу Македонци оделе во затвор. И јас сум подготвен да ја платам таа цена за македонската кауза. Некои оделе, а некои ги пикале во затвор“, одговори Димитров на обвинувањата дека е американски шпион.

По ваквите тешки зборови, атмосферата во Собранието се вжешти, а потпретседателот Горан Мисовски, ја прекина расправата и даде еден час пауза.