Добро утро жолти синдикалисти, порача лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, коментирајќи го договорот во Владата за минималната плата.
„Да не го пуштеше Левица предлог-законот во Собрание (при што секој пратеник кој ќе гласаше против ќе беше изложен на шејминг од народот) – сега наместо зголемена минимална плата, ќе имавте тикви со расол“, напиша Апасиев.
Како што е познато партијата Левица до Собранието поднесе предлог закон за минимална плата по кој ќе се расправа во четврток.