Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев ја обвини владејачката СДСМ дека намерно го одолговлекува носењето на промени во Изборниот законик со кој се предвидува гласање на претстојните избори со отпечаток од прст. Како што вели тој, подготвуваат фалсификат на изборите, затоа се против.
-Во најмала рака, се сомневаме дека Зоран Заев не сака договор за Изборниот закон, и намерно и свесно го одолговлекува спроведување на законот во делот на отисокот од прст, само и само за да има полнење на кутии и групно гласање.
Ова е последица на тоа што и Заев знае дека на фер и демократски избори ќе доживее дебакл.
СДСМ е спремна да го крши и да не го спроведе Изборниот законик само за да може да спроведе изборен фалсификат. Изборниот законик кој лани пред изборите, во Февруари 2020тата година беше донесен акламативно од страна на партиите во Собранието е дециден и тој наложува задолжително користење на опрема за отчитување на отисоци од прсти и тоа од две причини: прво, за потврдување на идентитетот на гласачите, и второ, за утврдување дали гласачот веќе го има остварено гласачкото право. Повторувам, системот ќе овозможи во никој случај да не може да дојде до двојно гласање, односно едно лице да гласа за друго, ниту едно лице да гласа на повеќе избирачки места и во никој случај не може да дојде до полнење на кутии, бугарски возови итн, вели Јанушев.