Состаноците на работните групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се чини дека не вродија плод за Изборниот законик. Предлогот за воведување на отпечаток на прст како идентификација за време на гласањето се уште не е договорено.
Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека владината коалиција на СДСМ и ДУИ на секој можен начин ги опструира преговорите и не сака да овозможи имплементациј на, како што вели, законски обврски, кои се на сила повеќе од 1 година.
-Дали намерата на Владата на СДСМ и ДУИ е можноста за семејно гласање и гласање на лица кои не се присутни на избирачките места во Република Македонија да продолжи, дали намерата е повторно да има „брзи прсти“ и „гласање а ла Усеин Болт“? … тоа ќе оставам граѓаните да проценат!
ВМРО ДПМНЕ инсистира на доследна примена на Изборниот законик, односно на овој метод и современа пракса токму за да нема повеќе брзи прсти како низа изборни циклуси во минатото, вели Јанушев.