Торонто и Оџи Ануноби се согласија да ја продолжат соработката за уште четири години. Според новиот договор кошаркарот ќе заработи 72 милиони долари.

Во договорот е вклучена опцијата за можност играчот во сезоната 2024/25 да го напушти клубот како слободен агент.

Репторс го избраа Ануноби на драфтот во 2017 година како 23-ти генерален пик. Во 2019 година, кошаркарот стана шампион во НБА-лигата како дел од канадскиот тим.

Минатата сезона Ануноби имаше просек од 10,6 поени, 5,3 скока, 1,6 асистенции и 1,4 украдени топки по натпревар.