Антикорупциската комисија jа запре постапката за имотниот анкетен лист на пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче.
По проверките во Катастарот, Централниот регистар, МВР, УЈП и повеќе банки, утврдиле дека анкетниот лист на Филипче бил целосен и нема прикривање на податоци за имот.
Антикорупциската комисија лани ја отвори постапката за проверка на имотниот лист на опозицискиот лидер. Претходно владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека имотниот лист на претседателот на СДСМ бил поголем и тој имал повеќе станови сега како пратеник отколку претходно кога беше министер за здравство. Становите не ги пријавил кога требало и најавија дека ќе поднесат претставка до Антикорупциската комисија.