ДКСК ги спроведува своите надлежности врз основа на прибирани податоци, информации и документи од надлежни институции, без намера “замајување на јавноста“ или “ намера да и се наштети на нечија личност“.
Според член 17 став 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК има надлежност да покренува иницијатива пред JO, за поведување постапка за кривично гонење за предметите во кои постои сомневање за можни злоупотреби.
Поради тајноста на постапката во конкретниот случај, ДКСК не е во можност да ги објави бараните информации, a целокупната документација ке ја достави до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, која е надлежна мериторно да одлучи, се вели во соопштението на Државната комисија за спречување на корупција.