Антикорупциска отвори предмет и го испитува имотот на вицепрeмиерот Артан Груби и членовите на неговото семејство како и потеклото на стекнатиот имот и средства, објави Телма.
Како што објави оваа телевизија, предметот е оформен пред десетина дена по наводите во медиумите, но и по конкретна пријава.
Од Антикорупциска не соопштија детали освен дека се работи приоритетно на овој предмет со оглед дека станува збор за висок владин функционер.
Прашањето за имотната состојба на вицепремиерот Груби го отвори опозициската ВМРО – ДПМНЕ, којa објави дека неговиот брат купил деловен простор од 127 квадратни метри во строгиот центар на Скопје за само 100 илјади евра или по 700 евра за метар квадратен што е далеку под реалната пазарна цена.
Оттаму обвинија и дека колега на братот на Груби основал компанија која веднаш добила државен тендер.
Целата вест на Телма