Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од денеска отвора предмет по допрен глас и ќе ги проверуваат податоците од институциите во врска со објавени информации дека на телевизиската презентерката Бесмира Ејупи ѝ биле извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници, објави МИА.
Според она што беше објавено во дел од медиумите, кон Ејупи се извршени 39 трансакции од буџетски корисници и тоа од Државното правобранителство и општините Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница.