Антокорупциска го казни поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев со 150 евра.
Дончев заборавил да пријави 3 милиони денари од австралиска фирма и да направи промена на имотната состојба. За тие пари во март минатата година Дончев тврдеше дека му биле префрлени законски.
Членот на ДКСК Горан Трпеноски во изјава за Сител соопшти дека предложил предметот на Дончев да се затвори со прекршочна санција за неподнесување на финансиска состојба.