Антикорупциска ја чека документацијата за кинеските вакцини, па потоа ќе донесе одлука дали ќе покрене постапка. Обвинителството и Финансиската полиција засега само ги следат информациите за набавката.
„Од Министерството за здравство рекоа дека ќе ни овоможат пристап до документацијата, па потоа ќе донесеме одлука дали ќе се покрене постапка за случајот. Побаравме и од Владата да ни ја достават целата документација за набавката на вакцини и од другите производители“, велат од Антикорупциска за Радио Слободна Европа.
За разлика од Антикорупциска, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Финансиската полиција се уште само со интерес ги следат случувањата и информациите во јавноста.