Државната комисија за спречување корупција бара мерки против министерот за земјоделство Арјанит Хоџа поради судир на интереси. Како што е познато, Хоџа пред да биде министер имал фирма која се занимавала со одгледување и продажба на риби. Рибникот е лоциран во Вруток, а наводно годишно произведува по 120 тони риба.  Сега фирмата е на името на неговата сопруга.

Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска информира дека ќе се испрати барање до овластеното лице за следење на етичкиот кодекс на Владата  да преземат соодветни мерки кон министерот Хоџа.

Претходно, Ивановска се осврна на изјавата дадена од министерот Хоџа кој рекол дека водењето приватна фирма е приватен бизнис и нема никаков судир на интерси се додека таа фирма не добива никаква помош од страна на државата.

ДКСК изгласа и прекршочна мерка за прекршување на членот 47 став 2 алинеја три од Законот за спречување на корупција и судир на интереси од страна на службеното лице Куштрим Рамадани, генерален директор и член на Управниот одбор на АД МЕПСО.