Антикорупциската комисија препорачува институциите да го повлечат од употреба системот „балансер“ кој при вработување во институциите помага за правична и соодветна застапеност по етничка основа. Според претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, во оваа институција пристигнале голем број поплаки за случаи каде кандидатите за работа ја промениле својата националност за да ги исполнат условите што ги бара системот. Ивановска спомена и конкретен случај каде е констатирано дека во Агенцијата за вработување кандидат Македонец бил ангажиран затоа што се изјаснил како Албанец.