Антикорупциска тврди дека поседува докази и за други сомнителни јавни набавки спроведени од Драги Рашковски, а биле поврзани со сообраќајниот софтвер. Документите кои ги обезбедиле антикорупционерите се однесувале на купување дополнителни уреди вредни 300 илјади евра.
Извештајот за набавките спроведени од Рашковски, антикорупциска ќе го испрати до обвинителството. Од таму за Сител велат дека предметот ќе го проучат и дополнително ќе одлучат дали ќе биде дел од истрагата која се води против поранешниот генерален секретар на владата.
Во меѓувреме, од ДКСК предупредуваат дека состојбата со корупцијата во државата е сериозна, а на тоа укажувале извештаите на меѓународните институции.