„До ново известување, Кабинетот на премиерот на Република Словенија нема да коментира на темата за таканаречениот нон-пејпер документ за Западен Балкан“. Вака е одговорено барањето за интервју кое Радио Слободна Европа го испрати до словенечкиот премиер Јанез Јанша, во врска со наводниот документ што тој го проследи до Европскиот совет.
Имено, на помалку од три месеци пред почетокот на словенечкото шестмесечно претседателство со Европската унија, во медиумите се појавија тврдења за наводниот предлог на Јанша за прекројување на границите на Западен Балкан, како начин да се реши хроничниот проблем меѓу шест земји во регионот.
– Advertisement –