Словенија која од први јули го презема претседателството со Европската унија ќе организира ЕУ самит на шести октомври на кој ќе се дискутира за односите со Кина и за давање нов живот на врските со шесте балкански земји кои се надеваат дека ќе станат дел од блокот, рече денеска словенечкиот премиер Јанез Јанша, а пренесува агенцијата Ројтерс.
Сѐ уште не е јасно дали на самитот ќе биде поканет и кинескиот претседател Кси Џинпинг. Поради пандемијата со ковид19 двата самити ЕУ-Кина кои се одржаа во јуни и во септември лани беа преку видеоконференциска врска.
“На шести октомври ќе се одржи невообичаен самит на Европската унија кој прво ќе биде посветен на односите со Кина, а потоа на односите со Западен Балкан“, кажа Јанша зборувајќи во Брдо.