Десничарскиот словенечки премиер Јанез Јанша го опиша хаосот во Авганистан и предавањето модерно оружје на Талибанците како „најголем пораз во историјата на НАТО“. Јанша во порака на Твитер напиша дека оставањето на авганистанските сојузници на талибанците е „срамен чин“. Ова е „симбол на крајот на една ера“, рече Јанша, кој, според АП, е познат како поддржувач на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.