Претставителниот танцов ансамбл „Орфеј“ при Домот на културата во Крджали ќе го претстави родопскиот град и Бугарија на големиот Меѓународен фолклорен фестивал што ќе се одржи во главниот град на Косово, Приштина, јавyво БТА, пренесува Трибуна.
„Целиме високо и сметаме дека со програмата што ја подготвивме ќе го импресионираме жирито“, изјави главниот уметнички раководител на ансамблот, Маријана Ликова. Тие ќе настапат со Ѓурѓовденски танц и Северњашки танц, препознатливи по динамиката и колоритот.
Фестивалот ќе се одржи од 7 до 14 јули и ќе обедини учесници од 11 држави, меѓу кои Полска, Унгарија, Италија, Словачка, Шпанија, Турција, Чиле, Аргентина, Канада и Гвинеја, како и домаќините од Косово.
Танчерите од Карджали неодамна се пласираа меѓу првите пет на Националниот конкурс „Топ 10 – бугарски национален фолклор“, а на Меѓународниот фолклорен фестивал во Дупница освоија прво место.