Доколку следната недела има избори, 20 отсто од гласачите би се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 12,9 отсто би го поддржале СДСМ, а 6,5 отсто гласот би го дале за ДУИ.

За Алијанса за Албанците би гладале 2,6 отсто, за Левица 3,3, понатаму, 2,3 отсто за БЕСА и 1,4% за Алтернатива.

За ниту една партија не би гласале 18,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 14,6, а одговор немале 14,7 отсто.

Ова е едно од прашањата во телефонското истражување што за сопствени потреби го спровел Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1 112 полнолетни испитаници на ниво на Република Северна Македонија, пренесуваат повеќе медиуми.

На прашањето – во кој политичар имаат најголема доверба, 13,5 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 5 отсто за Димитар Ковачевски, 2,8 отсто за Стево Пендаровски, 1,5 отсто за Зоран Заев, 6,6 проценти за Али Ахмети.

Од анкетираните – 1,1% му веруваат на Зијадин Села, 3% на Димитар Апасиев, 2,2 отсто во Билал Касами, 1,3 отсто на Африм Гаши, 3,7% на Максим Димитриевски, а 2,3 процентни поени на Никола Груевски.

Дури 39,7 отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 12,1% отсто, а 3,4 проценти се изјасниле за друг.