Според анкетата на „Брима“, направена за Слободен Печат, СДСМ има два проценти предност во пресрет на локалните избори, во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Заев, пак, има 11,8 отсто доверба кај гласачите, во однос на Мицкоски кој има 7 отсто. Кај Албанците најголема доверба има Ахмети со 5,9, потоа Биљал Касами со 4,4, Зијадин Села има 4,1 и Африм Гаши 0,4 отсто.
На прашањето доколку денеска се одржат парламентарни избори за СДСМ би изјасниле 19,5% од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5%. За ДУИ се определиле 7,2%, а за Алијанса за Албанците 6%. Од анкетираните, за Движењето БЕСА се определиле 4,7%, колку и за Левица (4,7%), а последна со рејтинг од над 1% е ДПА за која би гласале 1,1% од анкетираните. Сите други партии се под 1% поддршка меѓу интервјуираните гласачи во ова истражување.