Македонските граѓани имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски, покажуваат резултатите на телефонската анкета што ја проведе Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).
Од 1124 испитаници кои учествувале во истражувањето во периодот помеѓу 17 и 19 јануари 2022, 22,5 проценти излез од кризите во кои западна Македонија во политиките на Мицкоски гледаат 17.7 отсто од граѓаните. Според довербата меѓу гласачите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има три и пол пати повисок рејтинг од новиот премиер Димитар Ковачевски и двапати повисок рејтинг од неговиот претходник, поранешниот премиер Зоран Заев. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ужива 2,5 отсто од довербата на гласачите.
Во албанскиот блок, најпопуларен е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со 7,1%. Тој има и повисок рејтинг од неговата апртија, која на анкетата освои 7% одо гласовите.
На второ место е лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, со 3,5% од гласовите.
Сепак, македонските граѓани имаат голема недоверба во политичарите. Резултатите покажуваат дека на прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба“, дури 32,8% одговориле „ниеден“. На ова прашање немал одговор 16 отсто.
Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и перцепции за нова Влада. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.