Клубот Марин од 8. англиската фудбалска дивизија во 3. коло од ФА купот ќе игра со Тотенхем. Натпреварот ќе се одржи без публика, но Марин веќе продаде 15 илјади виртуелни билети.
Можете да купите билет на официјалната веб-страница по цена од 10 фунти. Постои и опција – купете билет и донирајте во добротворниот фонд на клубот (20 фунти).
Марин првично се надеваше дека публиката ќе биде пуштена на стадион, со што ќе заработи околу сто илјади фунти. По забраната, клубот изгуби и спонзор кој беше подготвен да купи промотивен пакет за натпреварот за 20 илјади.
Поради ова Марин започна со продажба на виртуелни билети.
Марин и Тотенхем ќе денес од 18 часот. (МИА)