Селекцијата на Англија пласираше во четвртфиналето на ЕУРО 2020, откако во осминафиналната пресметка ја совлада Германија со 2:0. Ова беше вистинска класика од репрезентативен фудбал, но поуспешна се покажа Англија на својот култен „Вембли“.
Иако имаше по неколку шанси на двете страни, сепак „Вембли“ експлодираше во 74-тата минута кога Стерлинг по убавата акција им донесе предност на Англичаните од 1:0.
Во 81-та минута Милер пропушти голема шанса по асистенцијата на Хаверц, а казната стигнува шест минути подоцна кога Кејн погодува за водство, но и конечни 2:0.
Англичаните во четвртфиналето ќе ја чекаат подобрата селекција помеѓу Шведска и Украина, меч кој на програмата е вечерва од 21 часот.