Репрезентацијата на Англија не успеа да го освои Европското првенство бидејќи во финалето беа поразени од Италија.

Англичаните чекаа со децении да стигнат до титулата на големото натпреварување, па многумина беа сигурни дека овој пат ќе успеат да стигнат до самиот крај, но тоа не се повтори.

Англија беше поразена по пеналите во кои Италијанците беа подобри. Трагичари беа Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака кои промашија пенали.

Поради ова, тие добија големи критики, а некои дури и ги навредија на расна основа, што е навистина неприфатливо.

Сепак, селекторот Герет Саутгејт исто така беше критикуван затоа што ги донесе Рашфорд и Санчо во игра во последната минута од второто продолжение за да можат да изведуваат пенали, но промашија.

Дејли Меил денес објави дека наишле на информации врз основа на кои Саутгејт ги избрал да изведуваат пенали затоа што имало нешто поискусни играчи за нив во тимот.

Имено, овој англиски портал објави дека англиските играчи вежбаат пенали од септември минатата година, и дека врз основа на тие тренинзи, Саутгејт и неговите помошници конечно решија кои се најдобрите изведувачи на пенали.

Неговиот помошник Стив Холанд внимателно го следеше изведувањето на пеналите на секој собир, а Сака имаше најдобар учинок од сите играчи во репрезентацијата на Англија и затоа Саутгејт го избра него.

Сака имаше подобар процент од Стерлинг и Грелиш кои не изведуваа пенали, па Саутгејт реши да верува во младиот играч на Арсенал.

Како што додаде Дејли Меил, играчите наводно не знаеле за ваков систем за бирање и биле шокирани кога виделе дека Сака е избран меѓу петмината изведувачи на пенали. Саутгејт им веруваше на статистиките од тренингот, но на крајот тоа не беше добар избор.