Селекцијата на Англија во недела, на 11-ти јули против Италија на „Вембли“ го игра финалето на ЕУРО 2020. Предводени од Саутгејт играат добро, а веќе владее голема еуфорија. Се разбира целта е победа во финалето на домашен терен.
Но, во пресрет на финалето, англиските играчи станаа херои. Имено, според голем дел од тамошните медиуми, фудбалерите, стручниот штаб и сите во селекцијата одлучиле да се откажат од премиите од ЕУРО 2020, кои изнесуваат со пласманот во финалето 9,5 милиони евра, да ги донираат на Националната здравствена служба поради нивната неуморна борба, повеќе од една ипол година против пандемијата со коронавирусот.