За првпат по 14 месеци не се забележани смртни случаи поврзани со коронавирус во Англија, Шкотска и Северна Ирска.

Пермиерот Борис Џонсон потврди дека Англија ќе продолжи да ги укинува дополнителните ограничувања и следната недела.

Од 17 мај, благодарение на позитивните податоци за бројот на новозаразени и вакцинирани, Англија дополнително ќе ги олесни ограничувањата наметнати поради Ковид-19 и меѓу другото, ќе дозволи собири во домови, објави вчера британската влада.

Оваа земја е во фаза на укинување на мерките за затворање во согласност со планот објавен во февруари.

Во третата фаза од планот, како што е најавено, за прв пат по неколку месеци, на граѓаните ќе им биде дозволено да се состануваат во затворени простории во групи до шест лица или две цели домаќинства.

На баровите и рестораните, исто така, за првпат по неколку месеци, ќе им биде дозволено да им служат на посетителите во затворени простории според одредени правила. Другите затворени простории за забава и спортски објекти ќе можат да започнат со активности.

Податоците го покажуваат она што веќе го знаевме – нема да дозволиме вирусот да не победи. Планот продолжува, нашата успешна програма за вакцинација продолжува, повеќе од две третини од возрасните во Велика Британија сега ја примија својата прва вакцина и можеме да очекуваме претпазливо, но неповратно отворање, рече Џонсон.