Селекторот Игор Ангеловски откако го објави списокот на фудбалери со кои ќе патува на историското ЕП, вели дека верува во овие момци и дека ќе ја грабнат секоја укажана шанса за позитивен резултат и пласман во втора рунда.
– Ристовски, Чурлинов и Јанков се нашата иднина, затоа се на нашиот список. Со својот квалитет јас сметам дека можат да придонесат во А тимот и да соберат искуство, бидејќи очекувам во наредните години да бидат стандардни првотимци. Жалам за отсуството на Илија Несторовски, со нас е пет години и вредно работеше со сите нас да се пласираме на Европско првенство. Сепак, верувам во останатите играчи и дека без проблем ќе го дополнат неговото отсуство. УЕФА дозволи и три резерви во случај на ковид-проблеми, но се надевам дека тоа ќе не одмине.
– Навивачите се навикнаа на успеси, сега бараат да бидеме европски шампиони.
Овие фудбалери многу пати досега ја направија нацијата горда и со самиот пласман на Европскиот шампипонат. Со нивните настапи за тимот и можам да ветам на нацијата дека ќе направат сè во своја моќ пак да ги направат фановите горди.
– Одиме со желба за надигрување и ќе ја грабнеме секоја шанса за позитивен резултат и пласман во втората фаза. Јас прв верував во играчите и очекувам максимум од нив на секој натпревар. Првиот собир е на 25 мај, со тренинзи стартуваме ден подоцна, а според УЕФА регулативите, закажавме и уште еден тест против Казахстан на 4. јуни. Ги анализираме и противниците, со Австрија игравме и иако двапати не совладаа, ќе се обидеме да научиме од тие грешки, Украина исто така е многу квалитетна селекција, знаеме дека Шахтјор Доњецк двапати го победи Реал Мадрид, а таму има многу украински репрезентативци. На крајот одиме во Амстердам во Холандија со надеж дека повторно би можеле да се вратиме во Романија, ако ја минеме првата фаза, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Собирот е на 25 мај, закажани се два тест натпревари, со Словенија (01. јуни) и Казахстан (04. јуни).