Македонската репрезентација денеска во 18 часот го игра дебитантскиот натпревар на Европските првенство против селекцијата на Австрија. Во пресрет на натпреварот, селекторот на македонската репрезентација испрати емотивна порака на социјалните мрежи.
„Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македнојна денес да се чувствува гордо. Денес цел свет ке застане во чест на Македонската химна. Вие сте мои херои и оваа бајка ќе ја паметам до крајот на мојот живот. Благодарам на целиот наш народ без разлика на вера и нација за поддршката. Дечки ви благодарам и ве сакам, одиме по историја“, напиша популарниот Мрме.