Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски синоќа беше гостив во специјаланта емисија на националната телевизија. Тој вели дека ова е нешто ново за сите нас, но изрази надеж дека ние да бидеме тие кои ќе наметнеме наш стил на игра.
„Ова е нешто сосема ново за нас. Се игра еден натпревар, 90 минути и сè е отворено. Австрија беше подобра пред две години и победи. Ситуацијата во нашата репрезентација е далеку поразлична кај нас, кога е во прашање квалитетот. Најважно е како ние ќе одиграме, секогаш сакам да се фокусирам на тоа што ние ќе го направиме и колку ќе му дозволиме на противникот да игра. Направени се сите анализи за австриската репрезентација. Се надевам и посакувам ние да бидеме тие кои ќе наметнеме наш стил на игра“, изјави македонскиот селектор.