Македонската А репрезентација утре го игра вториот натпревар од новиот циклус квалификации за Светското Првенство “Qatar 2022”. После воведниот натпревар со Романија на гости, не очекува првиот домашен натпревар па утре од 20:45 минути ни гостува Лихтенштајн.
„Ние апсолутно ја прифаќаме фаворитската улога. Многу пати бевме во таква ситуација и покажавме дека можеме да победиме, така ќе биде и утре. Лихтенштајн е подмладен во однос на 2018, ги анализиравме и работите зависат само од нас. Сакам утре да поведеме уште од првата шанса. Не можам да им замерам на играчите за дуелот во Романија ниште, освен завршницата и процентот на реализација“, изјави селекторот Игор Ангеловски на денешниот прес пред утрешниот натпревар.