Без посериозни структурни реформи, македонската економија ќе остане многу ранлива на глобалните шокови. Гувернерката на Народната банка во интервјуто за Дојче Веле изрази оптимизам, иако предупредува дека неизвесноста и натаму е висока.
– Ние како централна банка уште кон крајот на 2021 година започнавме со преземање повеќе мерки со оглед на присутните ценовни притисоци, но и притисоци на девизниот пазар, при монетарна стратегија на одржување стабилен курс на денарот.
Мерките што ги преземаме треба да делуваат на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел од инфлацискиот индекс, оној којшто е почувствителен на промените во побарувачката. Но, клучно ќе биде намалувањето на притисокот од увозните цени (особено на енергентите и храната). Кога тој ќе спласне, позначително ќе забави и домашната инфлација. Засега, се очекува стабилизација на цените на примарните производи, што заедно со затегнувањето на финансиските услови би довело до забавување на инфлацијата во 2023 година со што таа би се свела на 8 ‒ 9%, а на среден рок, инфлацијата и натаму ќе се намалува, сведувајќи се на нивото од 2,4% и 2% во 2024 и 2025 година, вели Ангеловска Бежоска.
Целото интервју на Дојче Веле.