Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, која од октомври лани е во опаѓачки тренд, но сепак мора да ги задржиме мудрите монетарни политики, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панелот насловен „Монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација“ во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“. што денеска и утре се одржува во Скопје, а чиј домаќин е Народната банка.
– Во овој тренд можеме да видиме дека дестабилизацијата и инфлацијата коинцидираа со олеснување на некои влијанија, барем според анкетата на Европската Унија за очекувањата. Гледаме и намален удел на компонентите во ЦПА во високата инфлација од 10 проценти и повеќе, рече Ангеловска-Бежоска.
Таа нагласи дека има некои знаци, но додаде дека иднината на инфлаторната динамика во некои земји, каква што е и нашата, сигурно ќе зависи од опстојувањето на мобилните шокови, од ранливоста кон шоковите и значителниот раст на кредитирањето кое ќе ги намали притисоците на среден и долг рок.
– Мора да задржиме мудри монетарни политики. Но, имајќи ги предвид комплексните монетарни шокови со кои се соочуваме клучно е дека монетарните политики мора да бидат поддржани со фискални политики за да се спречи зголемување на платите кое не е поврзано со растот на продуктивноста, потенцира Ангеловска-Бежоска.
Со нејзиниот став се согласи и министерот за финансии Фатмир Бесими, кој посочи дека мора да се работи на сите различни гледишта во однос на цените.
– Оваа година имаме малку поразлична проекција во однос на годинашната инфлација, но во однос на политиките се обидуваме да ја задржиме конзистентноста во мерките. Од буџетска гледна точка и од гледна точка на владините политики важно е да се обезбеди финансирање на она што го проектираме и она што денеска несигурноста е сигурност, рече Бесими.
Сите, додаде министерот, се подготвувавме за тешка зима и тоа ни даде простор за воспоставување рамнотежа меѓу монетарните и фискалните политики.
– Сега влегуваме во пролетното време во однос на трошоците и се надевам дека ќе постигнеме рамнотежа, но економската активност останува пониска од тоа што го проектиравме. Се надевам дека во следната година ќе имаме подобри услови и дека ќе ги одржиме нашите начелни проекции, потенцира министерот за финансии