Путин сам не ги носи одлуките. Се разбира дека за одлуката на напад, претходела низа дејствија. Имало воен консензус и се согласиле.  Путин не станал едно утро и одлучил да ја нападне Украина. Oва во емисијата „Само вистина“ го изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

„Иако претседателот Зеленски направи одредени провокации и најавите за трупањето кон НАТО. Потоа и околу негацијата на руското население, иако тоа не е доволна причина за војна. Самиот Зеленски е Евреин. Ние сме далеку од таму, до вчера не знаевме каде се наоѓа Украина. Ова ќе потрае уште неколку месеци, ќе изгинат луѓе од двете страни на два братски народи“, изјави Ангелов.