Претседателот на партијата Достоинство, која е дел од владеачката коалиција, Стојанче Ангелов вечерва информира дека не очекува сериозни промени во Владата.
-Од информациите што јас ги имам, не очекувам да има големи измени во Владата, туку само на местата ослободени за Алтернатива. Очекувам да има козметички корекции во владините редови. Тоа е моето очекување и перцепција, рече Ангелов во емисијата „24 анализа“.