Стојанче Ангелов информираше за најновата состојба со пожарите во источниот дел. Директорот на ЦУК вели дека во моментов гори борова шума над с. Будинарци, но и дека селото е добро обзебедено. Среќна околност е што ветрот го смени правецот, и огнот почнал да се оддалечува од селото.
Ангелов најави дека утре хеликоптерите ќе продолжат со гасење на пожарите.
„Пожарот во реонот на Пехчево се префрли и во беровско, моментално гори борова шума над с. Будинарци. Селото е добро обезбедено со тампон зона и соодветна механизација и опрема.Пред малку ветрот кој дува со променлива јачина, го смени правецоот и сега огнот почна да се одалечува од селото. Покрај локалното население во обезбедувањето на селото учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа а во непосредна близина на селото се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со 9 цистерни како и дополнителна опрема и луѓе од Национални шуми. Во целиот овој регион се концетрирани уште многу сили а попладнево дејствуваа и три хелихоптери кои рано наутро ќе продолжат со гаснење на пожарот.“, напиша Ангелов на „Фејсбук“.