„Истрагата за случајот со заглавеното лице во Кратово нема да открие нешто што ние не го знаеме. Слабостите на целиот систем за управување со кризи се добро познати во Владата и една од причините зошто сум директор таму е за отстранување на овие затекнати слабости“, вели Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи изминативе четири месеци во емисијата Утрински брифинг на Слободна Тв.
За својата работа како директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели има целосно одврзани раце од Владата но за жал затекнал нефункционален систем.
Ангелов вели уште дека ако не успее да го среди Центарот, ќе се повлече од функцијата.