Ангел е вториот пациент повреден од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој попладнево пристигна од болницата во Атина.
Го пречекаа министрите за здравство и надворешни работи, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски.
Согласно медицинскиот протокол, после 24 часовен престој на клиника и по направени токсиколошки испитувања, се очекува тој утре да биде пуштен на домашно лекување.
Вечерва ќе пристигнат уште четворица пациенти, кои беа на лекување во Шпанија.