Тешко дека има земја која повеќе од Бугарија сака Република Северна Македонија да пристапи во Европската Унија. Но, секогаш има големо „но“, а тоа се одредува од подготвеноста на земјата кандидат. Би сакал да кажам дека РСМ е подготвена да може да започне преговори за ова прашање, но не гледам основа за такво нешто, вели за БНТ копретседателот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Северна Македонија, професор Ангел Димитров.
Тој смета дека политичарите се секогаш на потег кога се во прашање билатералните односи.
„Историјата влијае насекаде, историјата дава аргументи, им помага на политичарите да ги разберат корените на современите проблеми, но тие не се оние што ги одредуваат односите. Целата одговорност е на политичарите“, додава Димитров
Тој вели дека следниот состанок на Заедничката историска комисија ќе се одржи в четврток.
„Ќе разговараме за тоа што го зборуваме пет седници по ред. Заглавени сме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско кралство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не останува време да разговараме за заедничкото чествување на Гоце Делчев“, вели Димитров.