Бугарскиот копретседавач со Мешовитата историска Комисија Ангел Димитров вели дека Македонија не е подготвена за почеток на преговорите. И тој го повтори она што често пати може да се слушне од бугарските официјални лица дека Бугарија многу посакувала да ја види Македонија во Европската унија, но дека има едно големо но….
„Но секогаш има едно големо „но“ и тоа но се определува од подготовката на самата земја кандидат. За жал, многу би сакал да кажам дека е подготвена дека веднаш треба да и се даде сигнал за почеток на преговорите но не гледам причина во кое со, мирно срце, како што се вели, да се направи чекор напред“, истакна Ангел Димитров.
Тој вели дека историската комисија треба да се состане в четврток, но дека се заглавени во преговорите во 10-от и 11-от век во времето на цар Самуил а дека воопшто нема ниту време за разговор околу заедничкото чествување на Гоце Делчев. Отворено го негира постоењето на македонскиот народ.
„Нема, го кажувам сосема сериозно, нема ниту еден историски доказ кое би можело да зборува за постоењето на македонскиот народ, македонската држава и Самуил да биде македонски цар, со која можеме да започнеме една сериозна научна дискусија“, додаде Ангел Димитров.