По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи.
Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров.
Армијата активно учествува во гаснењето на повеќе позиции. Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници. Распоредени се војници и во село Николиќ, во Крива Паланка, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово.