Одбраната на eкс шефицата на некогашното Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, тврди дека ниту виделе, ниту пак е докажано дека Катица земала пари за случајот Рекет.

„Ниту видовме, ниту е докажано дека јанева земала пари, ниту кога земала пари, дали земала пари, во колку наврати земала. Така што самоизнесувањето на нови обвинувања кои што ние како одбрана не можевме ни да ги побиеме, клеветите се изнесени по завршувањето на судската постапка првостепена и по донесување на пресудата. Единствено се насочени кон тоа да се наруши и деволвира обраната која сега во жалбена постапка и треба да ги истакне своите жалбени наоди“, истакна Лазар Јанев.

Обвинителката Вилма Рускоска денеска не дојде на судењето на кое Јанева ја тужи за клевета и навреда, а е поврзано токму со парите кои наводно ги земала екс шефицата на СЈО.

Следното рочиште за овој случај продолжува на 21 јуни, а ќе сведочи обвинителката Ивана Трајчева и членови на Државниот завод за ревизија.