Нема деблокада од страна на Бугарија. Техничкиот премиер Стефан Јанев порача дека недоразбирањата треба да ги решат двете земји меѓусебно, па потоа Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Како што вели, Бугарија не смее да дозволи меѓусебни проблеми да носи во европското семејство. Воедно порача дека интерес на Бугарија е Северна Македонија да биде членка на ЕУ, како и целиот Западен Балкан.
Како соседи, пријатели, братски народи имаме потреба од честа коимуникација и размена на мислења. Со години наназад, политиката на Бугарија е ориентирана кон цврста поддршка на европерспективата на С Македонија, Албанија и на другите земји од Западен Балкан за членство во ЕУ . Делегацијата на Заев дојде со конкретен предлог, што ќе го разгледаме сеопфатно и професионално во наредните денови.Констатиравме дека во моментов имаме прозорец на можности да работиме по нерешените прашања за исполнување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Сега ни е приоритет да создадеме атмосфера на доверба, пријателство и на дијалог, што ќе им помогне на нашите експерти и политичари да дојдат до решение. Во рамки на овој дијалог, треба прво да ги решиме меѓусебните проблеми, за да не остават проблеми во европското семејство, рече Јанев .