„Не мислам дека Бугарија е во ситуација да отстапи или да направи компромис со својата позиција. „Не само привремената влада, туку и парламентот со својата декларација од 2019 година дадoa јасни насоки каква е бугарската национална позиција“, изјави привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев за БНТ.
Тој посочи дека утре ја очекува посетата на македонскиот премиер Зоран Заев со кого остварил неколку телефонски разговори.
„Предложив да седиме на добрососедски начин, да разговараме и да бараме решение. Ако можеме да подготвиме потенцијално решение, по изборот на парламентот, решението може да се бара во наредните месеци “, додава Јанев.
„Бугарија нема да ја одобри рамката за преговори со РС Македонија во сегашната форма. Ние нема да го одобриме тоа, бидејќи во моментот нашите услови се под покровителството и под одлуката за оваа рамка дадена од парламентот. Привремената влада не е во позиција да направи ваков чекор напред во овој поглед “, категоричен е Јанев.