Владата  вечерва на седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија и ТАВ Македонија ДООЕЛ.

-Со Анексот на Договорот практично се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид, соопшти владината прес-служба.

Како што информираа претходно од Владата  99.те проекти во општините со пренамената се обезбедени 35 милиони евра.