Српскиот актер Андрија Милошевиќ веќе подолго време е во среќна врска со актерката Александра Томиќ и тие редовно ги радуваат следбениците на социјалните мрежи, споделувајќи заеднички фотографии или смешни видеа.
Двајцата сега ги споделија заедничките моменти во Хрватска, а фотографијата наиде на голем број позитивни коментари.
„Кога ќе фати, не пушта!“, Напиша кратко Андрија во описот на фотографијата каде неговата девојка го бакнува во образ, а таа додаде:
„Што знам – мене ми е пресладок“.
На нивните објави се огласија бројни следбеници кои им порачаа дека се одличен пар, а меѓу оние што ги коментираа објавите беа и актерките Слобода Мичаловиќ и Јелисавета Орашанин.
Навикнати сме на смешните видео од Андрија, но сепак актерот сега ја покажа својата емотивна страна.
Српскиот актер Андрија Милошевиќ сам на себе си честиташе роденден (ВИДЕО)