Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, ги информирал своите колеги од Европската народна партија (EPP),за притисоците врз граѓани на РС Македонија кои добиваат бугарски книги од иницијативата „Испрати бугарска книга во Македонија“.
„Ги информирав моите колеги од Европската народна партија. Тоа што се случува меѓу РС Македонија и Бугарија не е обичен културно- историски спор, како што за жал го нарекоа „Зелените“, тоа е темелен проблем на нашето современие. Омразата и дискриминацијата не се културно-историски спор“, вели во изјава за БГНЕС, европратеникот и потпретседател на Европската народна партија , Андреј Ковачев.
Бугарското Министерство за надворешни работи е запознато со случаите на вршен притисок врз луѓе кои добиле бугарски книги и врши проверка. За инцидентот алармираше организаторот на иницијативата „Испрати бугарска книга во македонија“, Виктор Стојанов. Тој вели дека добил три поплаки за вршен притисок од страна на службата за Државна безбедност на РСМ врз луѓе кои добиле бугарски книги и поради тоа се обратил за помош кон бугарските власти.