-Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во јануари или февруари имал средба со нивните функционери, на која станало јасно дека тој е иницијатор на „црните листи“, рече европратеникот Андреј Ковачев во програмата „Ова утро“, на БТВ новините.

Според него, на овие списоци имало и европратеници. Ковачев нагласи дека во нив се 99 отсто Бугари. Според него, ако кажете дека Гоце Делчев се дефинирал како Бугарин, нема да можете да влезете во Македонија.

„Може да воведат декларации на границата и ако потпишете дека Гоце Делчев се дефинирал како Бугарин, нема да можете да влезете во земјата“, рече тој.

На европратеникот Андреј Ковачев и уште неколку бугарски државјани не им беше дозволен влез во Северна Македонија при нивниот обид да допатуваат во Ново Село, да се поклонат на гробиштата на бугарските војници.