Првиот претседател на Собранието, поранешен политичар, сега во пензија, Стојан Андов во својата колумна за неделникот Фокус пишува дека Заев, Бучковски и Малески (професор и поранешен министер за надворешни работи) прават штета на нашата држава во спорот со Бугарија.

-Сегашната политика на Бугарија водена од претседателот Румен Радев, кој инаку е следен од Бојко Борисов, Екатерина Захариева, Красимир Каракачанов и бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, ја спроведуваат упорно политиката на Санстефанска Бугарија, поддржани и од рускиот претседател Владимир Путин.

Остварувањето на оваа своја политика, бугарската влада го заснова на своето неприкосновено право на вето во рамки на Европската Унија. Голема штета на Република Северна Македонија ѝ нанесуваат илузиите што ги шират луѓето како Зоран Заев, како бивш премиер и бивш претседател на политичката партија СДСМ и универзитетските професори Владо Бучковски и Денко Малески, пишува Стојан Андов во колумната за Фокус.